Фудбалската федерација на Белгија (ФФБ), прва во европски рамки пресече и донесе конечна одлука за националниот фудбалски шампионат.

ФФБ стави точка на фудбалот и со шампионска титула го круниса лидерот на табелата и есенскиот шампион, екипата на Бриж.

Со освојувањето на титулата во Белгија, Бриж се стекна со право да игра во Лигата на Шампиони додека второпласираниот Гент ќе игра во квалификациите.

Одлука во следниов период ФФБ треба да донесе за финалниот натпревар во Купот. Опција е тој да не се одигра и целото натпреварување да се поништи или пак да им се додели титула на протагоностите во финалето.

OhridNews