Репрезентациите на Белгија, Белорусија и Данска се противници на македонската кошаркарска селекција во квалификациите за Евробаскетот во Украина следната година.

Квалификациите се играат во само две недели од 10 до 27 август и физичка подготвеност ќе биде пресудна во пеколниот ритам.
Распоред на мечевите :
10.08.2014 Македонија – Белгија
13.08.2014 Данска – Македонија
17.08.2014 Белорусија – Македонија
20.08.2014 Белгија – Македонија
24.08.2014 Македонија – Данска
25.08.2014 Македонија – Белорусија
Мх.П.










