По серијата лоши резултати селекцијата на Србија успеа да го совлада Чиле со 3-1. Стрелци на головите за “орлите“ беа Марковиќ, Џорџевиќ и Ѓуровиќ почесниот погодок за Чиле го постигна Енрикез.
Романија ги покажа слабостите на Белгија совладувајќи ја 2-1. “Црвените“ водеа со голот на Бентеке. До крајот на првиот дел романците израмнаа преку Максим додека комплетниот пресврт го направи Тјоре од пенал во 63-та минута.
Селекторот на “коцкастите“ Игор Штимац импровизираше наместо со селекцијата тој закажа пријателска средба со репрезентација направена од домашната лига.
Мечот заврши без победник 1-1. Стрелец на голот за “вистинската“ репрезентација беше оспоруваниот бразилец со хрватски пасош, Самир.
Последнопласираната репрезентацијата во Групата, Шкотска со 2-1 го совлада Луксембург. Двоен стрелец за шкотите беше Родес.