Селекциите на Белгија, Германија и Швајцарија им се придржужија на Италија и Холандија на репрезентации кои обезбедија пласман на Светското првенство во Бразил.


Белгија која со победата над Хрватска на „Максимир“ 2-1 на еден натпревар до крајот го обезбеди првото место во Групата А каде беше сместена и Македонија.


Германските репрезентативци пласманот на СП го заверија со уверлив триумд 3-0 против Република Ирска додека пак Швајцарија со тесни 2-1 славаше над Албанија.


Германија со пласманот на мундијалот во Бразил ќе стигне до 18-то учество исто колку и Италија, а рекордот го држат „кариоките“ со 20 настапи на Светските првенства.

Мх.П.