Белгискиот Белгаком Спиру со 80-79 го порази тимот на македонскиот интернационалец Анадолу Ефес во втората рунда од кошаркарската Евролига.


Македонскиот интернационалец Илиевски за 26 минути поминати на паркетот постигна девет поени, а имаше и осум успешни додавања. Илјасова со 21 поен беше најпрецизен на мечот кој  изненадувачки го добија белгијците.
Четворица нивни кошаркари со двоцифрени број на поени го завршија мечот. Хамилтон постигна 12, Грин 18, Малет 14 и Бегин 13.

На останатите денешни натрпевари ЦСКА Москва – Брозе 94-74, Загреб – Панатенаикос 62-81, Каха Лаборал – Канту 81-69.

Антиќ со Олипијакос на домашен терен го пречекува Фенербахче, додека Мекејлеб со Монтепаски игра против Унион Олимпија.

OHridnews