Полицијата во познатиот туристички центар Будва во Црна Гора, распиша потерница по 20 годишниот Л.Б., кој во 1 часот по полноќ, ноќеска, дивеел со автомобил BMW низ градските улици при што покосил шест пешаци.
Меѓу повредените се и две лица од Охрид Н.Ц. (50) и Љ.П. (70), пренесува онлајн изданието на „Вијести“. Останатите повредени се млади на возраст од 18 и 19 години, сите од Србија.
Сите пешаци се здобиле со лесни телесни повреди, а помош им била укажана во болницата во Котор.
Возачот на BMW-то по инцидентот не запрел и брзо се одалечил од местото. Будванската полиција соопшти дека подоцна автомобилот бил пронајден на излезот од градот, додека лицето кое го управувало е во бегство и по него се трага.
OhridNews
извор: „Вијести“