Како одговор на писмото кое градоначалникот Александар Петрески го испрати по повод грагичниот настан од 27 август до  градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, неговиот колега испрати порака со која им се обраќа на Петрески и граѓаните на Охрид.

Во дописот уште еднаш се изразува благодарноста кон градоначалникот и локалната самоуправа за превземените активности по немилиот настан и искреното жалење и осудата на бруталното убиство .

Во секое општество постојат поединци кои со своите неодговорни и неразумни постапки, нанесуваат штета и несреќа како на поединци така и на нивните семејства. Како градоначалник на Белград вашиот гест и гестот на вашите сограѓани, го прифатив како искрено и пријателско жалење за тоа што се случи. На тоа ви се заблагодарувам. Се надевам дека соработката меѓу двата града и народи ќе продолжи да се одвива во најдобра атмосфера, а ваквите несреќи нема повеќе да се повторат – се вели во писмото од градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас.

Ohridnews