Во 11-то коло од фудбалскиот шампионат на Србија Црвена ѕвезда го совлада Партизан во 145-то вечно дерби со 1-0, но натпреварот го одбележаа безредијата во кои навивачи паѓаа од трибините, а партизановите навивачи Гробарите во меѓусебна пресметка го потпалија ѕвездиниот стадион „Маракана”, пренесува „Макфакс“.
Црвена ѕвезда го совлада Партизан и дојде до 60-та победа во „вечното дерби” со автоголот во 18-та минута на Милорад Обрадовиќ и со оваа победа избија на второто место од табелата со само еден бод заостанување од „црно-белите”. Меѓутоа недопадливиот фудбал што се играше на „Маракана” во саботата беше во сенката на она што се случуваше пред, за време и по натпреварот.
Вообичаено тензичната атмосфера пред меч кој што вброен меѓу најголемите дерби средби во светот на фудбалот, беше засилена од конфликтите меѓу самите навивачки групи, но и рекетот за кој се обвинуваат меѓусебно и клупските управи и навивачите и, за жал, се остварија стравувањата на јавноста за големи безредија.
Неколку часови пред мечот навивачите на Црвен ѕвезда им приредија „заседа” на навивачите на Партизан, а во тепачката беа повредни повеќе лица. Во пресметката беа користени дрвени палки, метални шипки и камења. Ѕвездашите се обидоа да го одземат знамето од навивачите на Партизан, притоа беа оштетени неколку автомобили, а 61-годишник е повреден по судар со полициско возило. Белградската полиција успеа да го расчисти овој инцидент, но потоа следеа и други.
Потоа, час и половина пред почетокот на мечот на теренот на „Маракана” се спуштија падобранци во дресови на Црвена ѕвезда, но навивачите на Партизан влетаа на тревникот во обидот да ги претепаат падобранците кои успеа да ги спаси полицијата.
Половина час пред натпреварот дојде до судир меѓу двете рупи навивачи на Партизан, припадниците на „Забранетите” и „Алкатраз”.
Поради разните навивачки инциденти мечот беше прекинуван трипати, со тоа што во 53 минута прекинот траеше повеќе од десет минути, бидејќи навивачите на Партизан на повеќе места на трибините запалија оган на трибините, кои на јужната трибина меѓусебно се гаѓаа со факели и петарди.
OhridNews
извор:„Макфакс“