Тежок исцрпувачки натпревар против Вардар за охридските бели, кои “паднаа’“ во финишот на мечот со 2-0. Сепак во преден план охриѓани ја ставаат лошата арбитража на судијата Петковски, кој не ги санкционираше грубите прекршоци на “црвено-црните“ фудбалери, кои во текот на мечот ги имаше многу.


Истрчавме мотивирано против лидерот на табелата. Свесни бевме за предизвикот и кој не чека но не и на чудниот критериум на главниот судија на овој меч, кој со своите одлуки ја подгреваше тензијата. Фудбалерите на Вардар поминаа неказнето за острите стартови, а имаше две три ситуации каде нашите играчи беа удирани без топка, но сето тоа мина незабележано од главниот судија. Исто така фаулот за голот беше поклон прекршок. Ние и на овај меч како и на останатите го оставивме срцето на терен, сите што го гледаа мечот можеа да го видат тоа – вели дефанзивецот Егзон Белица.


Охриѓани кои немаат примено плата повеќе од седум месеци, размислуваа да не го играат натпреварот со Вардар, но не сакајќи клубот да се соочи со сакнции се одлучија да истрчаат на теренот во Ѓорче Петров. – Излишно е да зборуваме веќе, не ништо ново ако кажеме дека сме препуштени сами на себе и единствено за нас се грижи тренерот Драган Антиќ. Уште еднаш ќе апелирам до градот и до управата, нека помисли барем малку за овие фудбалери кои играат со срце за клубот, за градот и за охридските навивачи – истакна Белица.


Недостигаат погодоци во противничките мрежи, а дефанзивецот посакува напаѓачите да се разбудат за мечот со Шкендија.  – Во последните три натпревари не постигнуваме гол но за тоа не можеме да ги критикуваме само напаѓачите, тие работат напорно на тренинзите и даваат максимиум на мечевите. Очекувам мечот со Шкендија дека е добра прилика да се вратиме на добрите резултати –завршува охридскиот стопер Белица.

М.П.