– – Одлично сум примен во тимот. Моментално сме на подгоtвки во Стирлинг, Шкотска каде ќе одиграме серија пријателски натпревари. Го совладавме со 2-0 Ливингстон, а бевме убедливи со 6-0 над Мортон. До крајот на подготвките ќе играме против Ст. Џонсон, на 10 ќе спарингуваме со шкотскиот гигант Селтик, додека на 12 против Мадервил – вели Белица.
Новиот тим на струженецот минатата сезона заврши на средината на табелата, а сезонава очекува да се бори за местата кои водат во Европа.
Покрај Белица во романскиот шампионат уште наредната сезона ќе настапуваат Баже Илијоски и Даниел Георгиевски.
М.П.