Со манифестацијата „Бело лето“, на 4-ти јули Охрид ќе го означи официјалниот почеток на туристичката сезона.

Настанот ќе започне со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад кај поранешната градска библиотека.

Сите посетители ќе имаат можност на лице место да се запознаат со изработките на занаетчиите во градов, кои што ќе понудат екстра попуст на своите производи до 20 отсто.“ – рече на денешната средба со новинарите, Ѓоко  Апостолов, од Секторот за туризам и локален економски развој.

Манифестацијата која годинава се одржува по втор пат, ќе кулминира на градскиот плоштад  со концерт на музичката група „Нокаут“ закажан за 21 часот, по што ќе следи забава со ди-џеј сетови.

Сите гости кои што ќе го посетат нашиот град ќе имаат можност да проследат бесплатен музички концерт.“  – истакна Апостолов.

И оваа година, во манифестацијата се вклучени голем број угостителски објекти, кои своите услуги ќе ги нудат по пониски цени  од 10 до 30 проценти.

Одреден број на угостителски објекти кафе барови, ресторани, пицерии и  хотели кои се вклучени во манифестацијата  ќе нудат попуст на своите услуги од 10 до 30 отсто од своето отворање се додека трае манифестацијата. Со ова се нуди  уште една атрактивност, значи ќе имаме бесплатен концерт и промотивни цени на услугите во угостителските објекти.“ – рече Апостолов.  

OhridNews