На петти октомври во хотелот Инекс Горица, на претседателот на земјава Ѓорге Иванов, ќе му биде доделено бело знаме од глобалната подводна асоцијација, како симбол на чисто и еколошко третирано крајбрежје на Охридското Езеро, јавува „Нетпрес“.
Знамето ќе биде поставено на јарбол на плажата на хотелот, кој презема обврска во наредните години да се грижи за делот на крајбрежјето според строги правила.
GUWAA (Глобална подводна асоцијација) практикува чистење единствено со помош на обучени нуркачи и без користење на било каква механизација која би можела да го наруши екосистемот.
Активностите во земјава ќе се водат преку планирани акции на нуркачите, преку едукативни предавања во училиштата, како и преку континуирани настапи во медумите.
OhridNews