Беше еден од петте стрелци во победата на Црвена Звезда над Олимпик Марсеј во финалето од Купот на Европските шампиони во Бари, стана првиот играч кој со две различни екипи ја освоил “сребрената канта“,  а како дел од генерацијата на Хаџи остави траен белег во романскиот национален тим. 


На пријателскиот натпревар на селекциите под 19 години во Охрид, најмногу внимание привлече и врева се слушаше на трибините, од каде доаѓаа блесоци од фото апаратите. Охриѓани и малкумината присутни на стадионот ја искористија ретката прилика да се сликаат и да се ракуваат со фудбалската романска легенда Миодраг Белодедиќ. Секој кој му пријде се потсетуваше на златните години на фудбалот кога како дел од бившата СФРЈ, и македонците имаа на што да се радуваат.

Оние помладите кои благодарение на интернетот може да видат како некогаш се играше фудбалот, коментираа.  – Не го познаваш овој, па ова е Белодедиќ,  играше во Ц. Звезда кога таа беше европски и светски првак, заедно со Панчев, Најдоски.

Белодедиќ во Охрид не е дојден за некаков ревијален натпревар, туку тој е коордиантор на младите селекции на Романија, а во Охрид ќе одиграат две пријателски средби со репрезентациите под 19 години, како подготовка за престојното европско првенство на кое Романија е земја домаќин. Тој се присеќава на моментите кога со македонските интернационалци Илија Најдоски и Дарко Панчев “владееше“ во Европа.


– Да го немав Најдоски до мене, незнам дали ќе успеев да го направам тоа. Тој извондредно ја извршуваше својата работа, јас исто така, во шеснаетеникот го имавме Дарко кој со право го носеше епитетот Кобра. Имавме одличен тим, како колектив делувавме одлично, а имаше тука и играчи кои благодарение на индивидуалните карактериситики можеа да го решат мечот. На 22 години го освоив првиот трофеј во КЕШ, а на 25 триумфирав со Црвена Звезда. Тоа е нешто најзначајното во фудбалот, да се освои лигата на шампиони , а јас тоа го постигнав со две звезди, една од Букурешт, една од Белград, и двете ми беа омилени, за двете навивав и сакав да играм и успеав да победам. – вели  Белодедиќ кој е првиот фудбалер кому му успеало со две различни екипи да го освои трофејот во елитната Лига на Шампиони.

Да е успехот поголем тој  успеа да го направи тоа со два тима кои доѓаа зад “железната завеса“. Стеауа и Црвена Звезда. Фудбалот оттогаш замина далеку напред,  и просто неверојатно е некоја екипа  од Истокот денеска да го повтори овај успех .

Тоа е тешко, и јас и вие знаете дека тоа е тешко, да не речам недостижно. На сите кои работиме во фудбалот ни е јасно тоа. фудбалерите, тренерите, публиката. Еве видете ги руските екипи кои доста вложуваат во фудбалот мака мачат да ги поминат групите , а камоли да ја осовојат Лигата на шампиони.  – вели Белодедиќ
 

Романскиот репрезентативен фудбал е во голема криза, репрезнтацијата не успеа да се пласира на Мундијалот на кој за последен пат играше во 1998 година, а најголемиот успех го забележа во 1994 кога беше елиминирана на пенали во четвртфиналето од Шведска.

Немаме генерација, како таа од пред 20 години, а една од причините за тоа е што во целиот овој минат период,  не се` вложуваат средства во инфраструктурата и во развојот на младите категории. Имаме клубови кои се приватни и не ги интерисираат подмладоците, туку само сакаат да купат играчи со кои ќе постигнат инстант успех. Имаме екипи кои играат во Лигата на шампиони, како и во Лигата Европа, но нашиот подмладок не успева да исплива на површина. Потврда за тоа е и што не успеваме ниту со младите селекции да се пласираме на завршница на некое натпреварување. Луѓето кои ги држат клубовите , не се интересираат за младите категории, дојде време кога немаме квалитетни играчи како на Муту , Киву  – смета Белодедиќ.

Во романскиот клупски фудбал има доста луѓе на кои не им е местото во спортот и кои работат лошо за иднината на романскиот фудбал, смета тој.

Клубовите играат добро, имаме добро првенство, но имаме многу луѓе кои не се разбираат во фудбалот и во спортот, кои едноствно не знаат како треба да се работи, сакаат да бидат видени, и тоа јако го води наназад фудбалот. Дека вложувањата не се гаранција за инстант успех потврда стигна во Лигата Европа каде Динамо од Букурешт загуби од Хајдук. Ова што го правиме ние со репрезентацијата и со младите селекции, треба да го прават клубовите,  подготовки,  пријателски натпревари,  начин на исхрана, на жалост тоа не се работи кои се учат во репрезентацијата но ние сме приморани да го правиме тоа. – потенцираше Белодедиќ

Македонските фудбалери од златната звездина генерација не се активни во фудбалот, но Белодедиќ секогаш наоѓа време да се види со своите поранешни сооиграчи.

Од звезедниот тим на Црвена Звезда, одржувам контакти со Илија Најдоски со кого живеев во тоа време и поминавме низ сито и решето, додека со “кобрата“ Дарко го загубиве контакот. Го гледам синот на Илија, Дино се развил во право момче, добар техничар е и игра на позицијата на која играше неговиот татко. Посакувам  да го повтори и успехот на неговиот татко.

Воодушевен од Охирд, но. . .

Повеќе пати сум бил во Охрид, местото е прекрасно, секој би посакал да има вакво место опкружено со прекрасна природа, планини , езеро . Но од она што гледам овде имате многу нешта кои остануваат неискористени. И вас како и нас ни недостига инфрастукура, инфрастуктруата е слаба, а тоа е главниот фактор да се постигнуваат врвни резултати, како и да се привлечат екипи за да се развива не само споротот туку и спротскиот туризам.

Мирко Постоловски