Екипата на Блокотехна го изедначи резултатот (1-1) во полуфиналната серија со МЗТ Скопје, откако победи 106-94 во вториот натпревар во плејофот од Супер лигата.

Работите на почеток во полуфиналната битка ги врати Бенџамин кој едноставно погодуваше се` и од секаде. Американецот натпреварот го заврши со неверојатни 31 поен со 64% успешност, а додаде уште 7 скокови и 3 асистенци. Голема помош Бенџамин имаше од соиграчите од првата петорка кои завршија со двоцифрен учинок. Кај „штрковите“ најрасположен за игра беше Дарко Соколов кој реализираше 16 поени.

Во третиот меч од полуфиналната серија кој ќе се одигра в недела домаќин ќе биде МЗТ Скопје. Во втората полуфинална двојка Работнички поведе со 1-0 против Куманово.

OhridNews