Италијанскиот фудбалски првак Јувентус го позајми на една година
фудбалерот на Арсенал данскиот напаѓач Никлас Бендтнер. Тој минатата сезона беше позајмен на
Сандерленд, за кој постигна осум голови во 28 настапи во Премиер лигата.

Искусниот бразилски дефанзивец, Даглас Маикон,е нов фудбалер на Манчестер Сити. Маикон во изминатите 10 години го носеше дресот на Интер.

Бугарскиот ветеран Димитар Бербатов на последниот ден од преодниот рок одлучи кариерата да ја продолжи во англискиот премиерлигаш Фулам.Поранешниот напаѓач на манчестер Јунајтед со Фулам потпиша договор на две години.

 
Репрезентативецот на Гана Михаел Есеин е нов фудбалер на Реал Мадрид. Поранешниот фудбалер на Челси, ќе има повторно можност да работи под палката на Жозе Мурињо, со кого беа заедно во “сините“ од Лондон.