Екипите на Бенфика и Челси на 15 мај на “Амстердам Арена“ ќе се сретнат во финалето од Лигата на Европа.


Лондонските сини втора година во низа обезбедуваат пласман во финале на едно европско натпреварување. Минатата сезона фудбалерите на Челси го совладаа Баерн Минхен во финалето од Лигата на Шампиони, а овој пат триумфираа над Базел со 3-1 (5-2) и ги чекираа билетите за финале на 15 мај.


Противникот на Челси, португалската фудбалска гордост Бенфика во возвратниот дуел го совлада Фенербахче со 3-1 и ја надополните негатива 1-0 од првиот натпревар.


Мх.П.