Португалскиот фудбалски гигант Бенфика е под истрага за наводно местење натпревари во периодот од 2016 до 2020 година, јавија локалните медиуми.

Португалската полиција почна истрага откако во јавноста излегоа информации по хакерски напади на бројни клупски фајлови.

Под истрага се сите луѓе кои во тој период биле дел од раководството, како и актуелниот претседател Руи Кошта.

Претседател на Бенфика во тоа време беше Луис Фелипе Виеира, додека Кошта беше втор човек во клупската хиерархија.

По објавените вести на оваа тема, можеме да потврдиме дека од 3. јануари се води истрага против клубот, против сите членови на Управниот одбор од 2016 до 2020 година, како и сите кои се дел од актуелното раководство на клубот, соопшти Бенфика на својот официјален сајт.

OhridNews