Поставувањата на услови од страна на Бенитез кон управата на Интер и претседателот Масимо Морати не се резултат не некоја преголема храброст на тренерот на Интер, туку на исклчучително поволните услови во договорот склучен со европскиот првак, каде во случај на отказ Бенитез може да си замине со преполнети дисаги.
Бенитез го провоцира Морати да му даде отказ, но според меѓусебниот договор ако тоа се случи сега на Рафаел Бенитез му следуваат 8 милиони евра обештетување. Доколку пак отказот падне на лето, Морати дотогаш ќе мора да го поднесува уште 6 месеци и да му дава плата, а при разделбата нема да има обештетување, но затоа пак ќе мора да му исплати премии за освојувањето на Светскиот куп и Италијанскиот суперкуп.
Како и да си замине Бенитез, ќе биде „тапациран“, но Морати е Морати. Се чини дека претседателот на Интер ќе ги прежали овие осум милиони и веќе преговара со две познати тренерски имиња, а медиумите шпекулираат со Лучијано Спалети и Валтер Зенга.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...