Бенитез серијата ја започна во 2002 година кога со Валенсија ја освои Ла Лига. Во 2004 година со шпанскиот тим го освои шампионатот и Уефа купот откако во финалето го совладаа Олимпик Марсеј со 2-0.
Во 2005 година во Истамбул, со Ливерпул ја освои Лигата на Шампиони по триумфот над Милан на пенали. Во 2006 година со “црвените“ го освои ФА купот, а 2007 година претпре пораз во финалето од ЛШ од Милан со 2-0.
Наредните титули ги освои во 2010 година и тоа со италијанскиот Интер со македонскиот интернационалец Горан Пандев во составот. Прво го освоија италијанскиот Суперкуп, а потоа и Светското клупско првенство.
Бенитез како предводник на Челси ја освои и Лигата на Европа. Со овој триумф тој стана само четвртиот тренер кој успеал да триумфира три пати во Лигата на Шампиони или во Лигата Европа.
– Горд сум. Не беше лесно но напорно работевме и пресреќен сум што вака се се` заврши. – рече Бенитез по триумфот во Амстердам.