– Задоволство ми е што тука го најдов Горан Пандев. Тој се има подобрено од времето кога го носеше дресот на Интер. Која ќе биде неговата позиција? Пандев може да игра на многу позиции во офанзивата, но јас верувам дека тој најдобро се снаоѓа кога игра зад првиот напаѓач, бидејќи има квалитет и техника – рече – Бенитез за македонскиот интернациоанел.
Бенитез и Пандев соработуваа шест месеци откако Шпанецот го наследи Жозе Мурињо на клупата од Интер. Со него на клупата “Гранде Пандев“ го освои Светското клупско првенство, а токму тој беше стрелец од трите голови.