Тренерот на англискиот премиерлигаш Челзи, Рафаел Бенитез изјави во
вторникот дека не ги губи надежите дека неговата екипа би можела да ја
освои титулата шампион на Англија.

Челзи во неделата ја декларираше Астон Вила со резултат од 8-0, со што и
го нанесе најголемиот пораз во нејзината 138 години долга историја.

„Играчите се полни со самодоверба. Се движеа одлично, создаваа шанси и
сега е најважно екипата да остане во таквиот ритам“,
изјави 52-годишниот
Бенитез“, кој пред доаѓањето во Челзи на 21 ноември речиси две години
беше без ангажман.

„Сигурен сум дека трката за титула ќе биде тесна и сметам дека можеме да
подобриме некои работи кога гледам дека можеме да дадеме осум голови“,

рече Бенитез.

Челзи пред утрешниот натпревар против Норич е трет на табелата и заостанува 11 поени зад лидерот Манчестер Јунајтед.

“Макфакс“