Португалскиот стратег Паоло Бенто, жали за поразот на пенали, потенцирајќи дека нивната шанса ја испуштиле во регуларниот дел од мечот кога биле подобар противник.

Одигравме подобро во 90 минути, но не успеавме да ги искористиме нашите шанси. Шпанија одигра подобро во продолженијата. Доколку треба да изберам начина на кој да загубам сигурно не би го одбрал овој. Сепак Шпанија е одличен тим. – рече португалскиот стратег Паоло Бенто.

Разочарани сме. Сакавме да играме во финалето , но не успеавме. Тажни сме но истовремено и годрди бидејќи теренот го напуштаме со кренати глави. Направивме се` за да победиме, но не успеавме – рече напаѓачот Оливеира.

М.П.