Деновите во самоизолација и карантин, францускиот репрезентативец Карим Бензема ги поминува во дружење со фановите на социјалните мрежи. Фудбалерот на Реал Мадрид, се уклучува во живо и одговара на прашања од фановите. Синоќа, Бензема разговараше со францускиот инфлуенсер Мухамед Хени. Кога дојде до темата Оливие Жиру, фудбалерот на Реал Мадрид одговори дека не се мешаат Формула 1 и картинг.

Тоа прашање брзо ќе го решиме. Нема да мешаме Ф1 и картинг. Јас знам да сум Ф1. – рече Бензема.

Потоа, Бензема го искоментира учиникот на Жиру во дресот на „триколорите“.

Не игра ништо спектакуларно. Во неговата игра нема да видите одлучност. Мбапе и Гризман, одат во дуел како во рудник, по секоја цена да го добијат, што не е случај со Жиру. Дали ми се допаѓа неговата игра? Незнам… – истакна Бензема.

Фудбалерот на Реал Мадрид, го пофали Мбапе, кој се смета за еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Млад е и добар фудбалер. Има уште простор за напредок. Ми се допаѓа. – рече за Мбапе, Бензема.

Офанзивниот фудбалер од 2015 година не е член на француската репрезентација откако беше в плеткан во афера со Метју Валбуена. Бензема беше осуден за изнуда на Валбуена со секс снимка.

OhridNews