Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 4,20%.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во проске за 4,2%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 1,50 денари, па со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена наЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 2,00ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 46,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 34,50ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1НС се намалува за 1,592 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,171 ден/кг.

OhridNews