Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,756 ден/кг. и ќе изнесува 34,865 денари.
OhridNews












