Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините се намалуваат за три денари, додека цената на дизелот не се менува. Екстралесното поскапува за половина денар.
Новата цена на еуросупер БС-95 е 55 денари за литар, додека за еден литар еуросупер БС-98 треба да се издвојат 57 денари. Цената на литар еуродизел останува 41 денар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува на 30 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,573 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 14,673 денари за еден килограм.
OhridNews