Во Охрид одржан симпозиум за тимски пристап кај деца со развојни нарушувања и вродени аномалии
19.05.25 12:12
Тимскиот пристап не е само потреба, туку и патот кон суштинско унапредување на грижата за децата со развојни нарушувања и вродени аномалии беше потенцирано на стручниот симпозиум кој се одржа во Охрид.
Симпозиумот привлече големо внимание во стручната јавност и ја потврди потребата од мултидисциплинарна соработка во современата практика. Истиот придонесе за размена на знаење, професионално вмрежување и силна енергија на соработка.
На симпозиумот свои обраќања имаа Проф. д-р Филип Дума – еден од најценетите и најискусни стручњаци во својата област, чие предавање беше вистинска референца за високо ниво на експертиза, д-р Горан Маркоски, д-р Ирена Скендероска Митреска, д-р Јован Поп Стефанија, асс. д-р Ивана Арнаудова Даневска, д-р Олга Шуменковска, д-р Асен Шајн, д-р Магдалена Митреска Пулческа и д-р Лео Спасески – млади и мотивирани доктори кои со своите современи пристапи, искрен ентузијазам и енергична презентација, го потврдија својот потенцијал и ја осветлија иднината на стручната работа во оваа област.
Модератор на настанот беше Александра Сабрас Апостолова, која со високо ниво на професионализам го водеше текот на симпозиумот.
Организаторите на симпозиумот упатија благодарност до д-р Симон Локоски, претседател на Лекарската комора – Охрид, за неговата искрена поддршка и заложба во реализацијата на овој значаен настан.
Полициски службеници од полициската станица Охрид, денеска од слобода лишија 55-годишен охриѓаниец Тој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид Н...
Во организација на Министерството за култура и туризам, денеска во Музејот на македонската борба се одржа завршната јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032, на која б...
Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната...