Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензините поевтинува за денар, а на дизелот за денар и половина.

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за  домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 денаери за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР  БС-98 изнесува 79 денари за литар додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство  (ЕЛ-1) изнесува 57,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе се точи за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,824 денари за килограм, и изнесува 39,384 денари за килограм.

OhridNews