За два денари по литар поевтинуваат бензините од ноќеска на полноќ, додека цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според одлуката ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а Мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.

OhridNews