Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините ќе се намалат за два денари по литар, дизелот и мазутот поевтинуваат за денар, а екстралесното масло за домаќинство за половина денар.
Согласно одлуката, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 87 денари, додека новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 88,50 ден/лит.
Литар Еуродизел (Д-Е В) ќе се продава по 72,5 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,976 ден/кг, со што новата цена на овој вид на гориво изнесува 47,102ден/кг.












