Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши големување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420% и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, потенцираат од РКЕ, е повисок за 0,419 проценти.
OhridNews












