Од полноќ цените на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за еден денар, а на „евродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,233 ден/кг, и ќе се продава по цена од 33,883 ден/кг.

Г.М.