Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 0,50 ден/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) за 1,00 ден/лит., соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и ќе изнесува 34,520 денари.
OhridNews












