Од вечерва малопродажната цена на бензините се зголемува за два денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер-95 од  изнесува 77,00 ден/лит, додека Еуросупер-98 ќе чини 78,50 ден/лит.

Цената на дизелот останува непроменета, додека корекција од 0,270 денари по килограм има кај мазутот, кој сега ќе се продава по цена од 43,178 ден/кг.

OhridNews