Цената на Еуросупер-95 и Еуросупер-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на Еуродизелот се намалува за еден денар одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Литар Еуросупер-95 ќе се продава за 61, а Еуросупер-98 по цена од 63 денари. Еуродизелот ќе чини 44 денари.