Министерството за економија најави измени во Законот за угостителство.

Заменик министерот за економија Христијан Делев вчера соопшти дека до Собранитето на Република Македонија веќе биле доставени измените во Законот за угостителство, кои биле направени на барање на угостителите и сопствениците на бензинските пумпи, кои имаат објекти на магистралните патни правци.

-Тие до сега беа регулирани да работат 24 часа, само во делот на точење бензин и некои основни продукти кои што се продаваа на самите бензински. Сега се градат нови модерни бензински станици каде освен овие основни продукти се служи и храна и сопствениците бараат да се работи 24 часа, посебно во делот на угостителството, каде може да се сервираат и некои оброци, рече Делев.

Тој посочи дека Владата ја увиде потребата на сопствениците на бензинските станици и реши да им излезе во пресрет.

OhridNews

Извор: „МИА“