Најдобриот стрелец во Премиер Лигата, бугаринот Димитар Бербатов е пред излезна врата од актуелниот првак Манчестер Јунајтед. Бербатов кој го засили Јунајтед од Тотенхем во 2009 година беше изоставен од составот за финалето во Лигата на Шампиони против Барселона. Со што  погласни се најавите дека ерата на Бербатов во Манчестер Јунајтед ќе заврши.


Со враќањето на Руни на теренот и брзата адаптација на “Чичарито“ во црвениот дрес го седнеаа Бербатов на клупата. Бугаринот во пролетниот дел од сезоната започна само пет натпревари.


Мх.П.