Напаѓачот  во дресот на Манчестер Јунајтед, бугаринот Димитар Бербатов кој е водечки стрелец во Премиер Лигата со 11 погодоци по секоја цена не сака да го напушти “Олд Трафорд“.


–  Макотрпно работев за да заиграм во клуб каков што е  Манчестер Јунајтед. Ако евентуално ги напуштам “црвените ѓаволи“ ќе направам неколку чекори назад во мојата кариера. Подобро да престанам да играм фудбал отколку да го напуштам Манчестер Јунајтед – вели Бербатов.


29-годишниот бугарин кариерата ја започна во ЦСКА Софија продолжи во германскиот Баер Леверкузен следна дестинација му беше Тотенхем. Менаџерот на “бебињата“ Сер Алекс Фергусон долго време ги пратеше неговите игри и за 30 милиони прејде во редовите на 19-кратниот првак Манчестер Јунајтед.

По неуспешните квалификации за СП 2010, капитенот на Бугарија се повлече од репрезентативниот дрес постигнувајќи 48 погодоци во 77 натпревари.

Мх.П.