Чешкиот тенисер Томаш Бердрих е третиот полуфиналист на мастерс турнирот во Мајами. Во 1/4 финалето Бердрих со 2-0 во сетови го совлада Долгополов.

Украинецот оружјето пред расположениот Бердрих го положи за еден час и 46 минути, а се што успеа Долгополов беше да му парира рамноправно во вториот сет, кој Чехот го доби со 7-5.

Во полуфиналето Бердрих ќе се сретне со победникот од последниот четвртфинален натпревар меѓу носителот број еден Надал и Раониќ.

Мх.П.