Силвио Берлускони се повлече од премиерската функција во Владата на Италија. Тој  вечерва му ја врачи оставката на претседателот Џорџо Наполитано.

Берлускони кој ја одбележа политичката сцена во Италија во изминатите две децении, во последните години беше во центарот на внимание поради бројните секс скандали, но како причина за неговото повлекување се наведува економската криза.

Долниот дом на италијанскиот Парламент вчера го усвои пакетот економски реформи кои ги побара Европската унија, за да се избегне проширување на кризата во еврозоната, а подоцна и Горниот дом на Парламентот, Сенатот, ги поддржа законите кои содржат реформски мерки.

Оставката на Берлускони, која беше очекувана откако тој деновиве ја загуби поддршката во владејачкото мнозинство, бурно ја поздравија неколку илјади граѓани кои вечерва излегоа на улиците на Рим.

OhridNews