Претседателот на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал, Бернард Коениг на крајот на оваа година заминува во пензија.

Надзорниот одбор на банката за нов претседател на Управниот одбор ја предложи Јитка Пантучкова, член на Одборот на извршни директори во Комерчни банка Сосиете Женерал Груп во Чешка.

Именувањето на Пантучкова треба да биде одобрено од гувернерот на Народната банка на Македонија.

Коениг е на чело на Охридска банка Сосиете Женерал од 2007 година

ohridnews