Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстоун на 89-годишна возраст по четврти пат стана татко. Неговата сопруга Фабијана Флоси се породи и на свет донесе машко дете, кое ќе се вика Ејс.

Еклстоун од претходните бракови има три ќерки (Дебора, Тамара и Петра). Пред да се ожени со Фабијана во 2012 година, Еклстоун се разведе од Славица Радиќ.

OhridNews