Македонската берза за тргување со хартии од вредност бележи зголемување на обемот на работа, беше речено на отворањето на 8-та конференција на Македонската берза, за прв пат од меѓунарофден карактер, што од вчера се одржува во Охрид.

На 8-та годишна конференција на Македонската берза, учествуваат над двесте претставници на финансиски институции, кои во наредните два дена ќе расправаат за пазарот на хартии од вредност, банкарството и финансирањето на локалната самоуправа.
финансиската елита во Охрид
Министерот за финансии Славевски, во обраќањето на конференцијата рече дека „во 20007 ќе биде донесен законот за банки кој е веќе во владина процедура, ќе биде донесен нов Закон за НБРМ, Закон за заштита на потрочувачи, кредитни бироа и небанкарски финансиски институции, и други законски акти од областа на финансиите со цел да се подобри економската клима и да се зголемат инвестициите.“

Тоа се должи на подоброто работење на компаниите кои се котирани на берзата, нивната транспарентност и оптимизмот на инвеститорите кои очекуваат таквиот тренд да продолжи и натаму, истакна директорот берзата Штериев.
Осмата годишна конференција на Македонската берза за тргување со долгорочни хартии од вредност, завршува денеска.
Г. Момироски
фото: С. Костоски












