Движењето Беса ги осудува настаните во Собранието на Република Македонија од минатиот четврток кои според нив имаат елементи на терористички напад и претставуваат обид за државен удар. Според потпретседателката на движењето Њомза Имери Исмаили нападот врз Собранието треба да биде „прогласен како Ден на жалост бидејќи тогаш беа тепани пратеници, новинари и собраниски служби од добро организирани и маскирани бунтовници.
– Ние најостро гос осудуваме овој обид за државен удар и бараме МВР кој е раководен од кадар на ДУИ, потоа од Јавното обвинителство и другите институции непристрасно и без политички влијанија да го расветлат овој вандалски чин. Не смее да се дозволи овие настани да паднат во заборав. Сите треба да ја добијат заслужната казна вели, Имери Исмаили.
Движењето Беса го признава Талат Џафери за претседател на Собранието и од него бара да формира комисија која ќе ги истражи и расветли настанните од 27 април.
OhridNews
извор Макфакс