Со одлука на градоначалникот Јован Стојаноски, за нов директор на јавното претпријатие „Нискоградба“ назначен е дипломираниот правник Бесник Османи. Османи доаѓа на местото на досегашниот вршител на должност директор, Гоце Ѓоршески кој за OhridNews потврди дека одлуката на градоначалникот Стојаноски стигнала денес и дека во текот на денешниот ден или најдоцна утре ќе се изврши примопредавањето на функцијата.

Спротивно на информациите дека примопредавањето на функцијата се одвива во најдобар ред, вработени во јавното претпријатие, кои сакаа да останат анонимни, во допис испратен до нашата редакција тврдат дека имало натегање околу директорската фотелја и предавањето на службениот имот.

OhridNews