Владата ќе финансира седумдневен полн пансион за летен или зимски одмор за 3 000 деца од социјално загрозените семејства. Ова е дел од новиот пакет 12 антикризни мерки, што има за цел да им го олесни животот на граѓаните.
Покрај тоа, најавено е дека секој апсолвент ќе добие ваучер од 250 евра за купување компјутер. Ваучер ќе добие секој од социјално ранливо семејство или семејства кои имаат приходи до 12 илјади денари.
извор: Makfaks












