Во рамките на својата соработка со образовните институции, а како дел од програмата на социјално-хуманитарната сфера Црвен крст Охрид ќе донира 30 комплети училишен прибор за потребите на ученици од ОУ „Братство Единство“ Охрид, кои спаѓаат во категоријата социјално и воспитно загрозени ученици. Донацијата е обезбедена од донаторот Евроџинс Охрид и неговиот партнер од Германија, фирмата HB-Schutzbekleidung Produktions GmbH & Co. KG, од Neuwied.
ОУ „Братство Единство“ Охрид следејЌи ја својата мисија „Обединети во различностите“, во образование кое нуди индивидуален развој на учениците, со правата и одговорностите, со еднакви можности за сите, настојува да им овозможи целосно вклучување на учениците со посебни образовни потреби во воспитно образовниот процес и нивно развивање според можностите и способностите. Дел од овие ученици спажаат во категоријата на социјално и воспитно загрозени и се чувствува потребата од поддршка од релевантни фактори со цел истите поактивно да се вклучат во воспитно образовниот процес. -велат од Црвениот крст.
Постојаната соработка на училиштето со Црвен Крст Охрид, резултира да се реализира оваа помош за учениците, додаваат од организацијата.












