-Овие курсеви треба да излезат во пресрет на потребите на граѓаните за обука за користење на компјутер, посебно на невработените и оние од социјално загрозените семејства. Воедно со организирање на овие курсеви ќе се обезбеди и поголема искористеност на можностите што ги нудат бесплатните интернет клубови во Македонија, стои во соопштението на Министерството за информатичко општество и администрација.
Во него се објаснува дека обуката ќе се повтори во циклус од 12 месеци во текот на 2012 година, започнувајќи од месец јануари.
За посета на овие куресеви, заинтересираните граѓани можат да се пријават со доставување на писмена пријава до Министерството за информатичко општество и администрација или да се пријават усно на телефонскиот број 15111, секој работен ден до 16:30 часот.
Освен во Охрид, бесплатните курсеви за компјутери ќе се спроведуваат и во уште 22 интенет клубови низ Македонија.