Во канцеларијата на Народниот правобранител, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, којашто ќе функционира за време на иборнта кмпњ од 8 до 16 часот.
„По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права”, велат од кабинетот на Народниот правобранител.
Ќе може да се пријават неправилности во изборниот период и на денот на гласањето.
OhridNews