Бесплатни часови по англиски јазик во НУ Библиотеката „Григор Прличев”
07.09.26 09:23
Во Библиотеката „Григор Прличев” – Охрид од неодамна успешно се реализираат бесплатните часови по англиски јазик за деца и возрасни кои предизвикаа голем интерес.
Часовите за деца (Storybook Studio) се наменети за деца од 6 до 11 годишна возраст почеток на курсот од 16 септември, среда во 12:30-13:30 часот.
Часовите за возрасни се наменети за лица кои сакаат да стекнат основни познавања или да ги обноват стекнатите, часовите почнуваат на 17 септември, четврток од 17:00-18:00 часот.
Програмата е водена од Дени Хамилтон, волонтерка на Мировниот корпус на САД со TESOL сертификат и искуство во работа со ученици во координација со Елена Станкоска- виш библиотекар.
Пријавувањето ќе се врши на тел. 071/ 499-076 со Елена Станкоска.
Полесно откажување претплати, потранспарентни цени и поголема заштита од практики што поттикнуваат несакано трошење се дел од целите на предложениот Акт за дигитална праведност Европската комисија ...
Приведен е 44-годишен охриѓанец по сообраќајна незгода на улицата „15 Корпус“ Медицинските извори предупредуваат дека при ваква концентрација се сериозно нарушени расудувањето, координацијата и буд...
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка По ...